СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

од Берта Китинска
172 прегледи

Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со АрсовскаПо меѓусебните обинувања за тендери, пари, влијание, неработа и криминал, кулминираше кавгата меѓу Христијан Мицкоски и Данела Арсовска, велат од СДСМ.

Тие посочуваат дека тендерот вреден 136 милиони евра е причината за кавгата помеѓу кадрите на Мицкоски.

-Сега Мицкоски пред граѓаните треба да каже, која е неговата улога во тендерот вреден 136 милиони евра за пречистителната станица?По една година од локалните избори се покажа вистинското лице на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во Скопје како и во општините на главниот град.Наместо да работат за граѓаните, за скопјани, за развојот на градот, тие се скараа за тендери и провизии.Сите надлежни институции да ги истражат сомнежите за криминал и да следува одговорност, а градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да се фатат за работа во интерес на граѓаните, кои од нив очекуваат решенија и развој, а не кавги и препукувања, пососчуваат од владејачката партија.