СДСМ: Партијата на Мицкоски организира протести и се обидува да ги манипулира родителите

од Andreja Salpe
196 прегледи

Во соопштение до јавноста, СДСМ ја обвини опозициската партија дека стои зад протестите против учебниците.

„Партијата предводена од Мицкоски организира протести и се обидува да ги манипулира родителите и учениците за да ги заштити милионските ексклузивни договори со одредена група издавачи.

Лага е дека учениците ќе останеле без учебници. Со новото законско решение ќе има нови, современи и достапни учебници, а дигитализирањето на дидактичките материјали ќе значи само унапредување на наставата и осовремнување на начинот на учење овозможувајќи им на новите генерации квалитетно образование.

Она што ќе го нема, а што навистина и пречи на опозициската партија, се милионските тендери за печатење на учебници од кои дебело со години се офајдуваше ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ е против секоја реформа, против сé што е во интерес на граѓаните и на државата.

Таквото деструктивно однесување е причината поради која оваа партија континуирано ниже порази на изборите и уште долго време ќе остане во опозиција“, стои во соопштението

Слични содржини