295
Владата предводена од СДСМ и претставниците на пензионерите постигнаа историски договор за нова методологија со која пензиите се покачуваат просечно за 900 денари, како и 1.000 денари за финансиска помош за пензионерите, соопштија вечерва од владеачката партија.
Според партијата, над 330.000 пензионери во овој период на криза, ќе добиваат по 1.000 денари во наредните три месеци, за достоинствен живот.
-Ова е рекордно зголемување на пензиите во историјата на државата. Околу 12.000 денари плус ќе легнат на сметките на пензионерите оваа година. Дури и во време на криза, СДСМ како одговорна партија ги исполнува дадените ветувања и продолжува да го заштитува стандардот на граѓаните, соопштија од „Бихаќка“.