СДСМ: Пецаков мора да одговара за тоа што не седеше во изолација

од Nikola Popovski
377 прегледи

СДСМ уште еднаш појаснува дека се залудни обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку конструкции и притисоци врз инситуциите да го одбранат нивниот градоначалник Кирил Пецаков од противзаконското постапување и кршење на протоколите за заштита од коронвирусот.

-Институциите да не паѓаат на притисокот на ВМРО-ДПМНЕ, Пецаков мора да одговара за тоа што наместо во изолација по тестирање за Ковид 19 присуствуваше меѓу илјадници луѓе во Охрид.

И Пецаков како и неговиот шеф Христијан Мицкоски не почитува мерки за заштита и крши протоколи на очиглед на целата јавност, одговорност за таквите постапки мора да има, соопштуваат од „Бихаќка“, како реакција на соопштението на најголемата опозициска партија.

ВМРО-ДПМНЕ побара од директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат доктор Ирина Сотирова Бухова да не дава политички изјави, туку да го покаже резултатот од КОВИД тестирањето на генсекот на СДСМ, Миле Зечевиќ.

-Бухова наместо да биде портпарол на СДСМ нека се однесува како што и прилега на позицијата која ја држи, и да го покаже резултатот од тестирањето на Зечевиќ. Зечевиќ е позитивен и тој на Водици во Охрид ширел корона. Зечевиќ е неодговорен исто како и Зоран Заев и цело СДСМ кои се виновни за 8.000 починати и за барање провизии од вакцини, стои во партиското соопштение.

Слични содржини