СДСМ: Пирова е победата на ВМРО-ДПМНЕ, поддршката ќе продолжи да им опаѓа

„СДСМ останува најсилната опозициска партија, и покрај сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ и нивните сателити, ЗНАМ, да го негираат тоа. Пропаднаа обидите и сценаријата да ја снема СДСМ – од сега натаму, партијата ќе се враќа само посилна“, соопштија од „Бихаќка“

од Nikola Popovski
22 прегледи

По вчерашниот молк по изборните резултати, попладнево се огласи од СДСМ со реакција на претходниот став на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата порачаа декаВМРО-ДПМНЕ, за само нешто повеќе од една година, изгуби дури 140.000 гласачи и ниту еден спин или лага не може да го побие овој факт.

Според СДСМ, „пирова им е победата, затоа што граѓаните јасно ги препознаа нивните погрешни политики на секое поле“.

-Цветаат клиентелизмот, партизацијата, неспособноста и ароганцијата. За една година од мандатот, ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една политика со која може да се пофали, и тоа граѓаните го гледаат.

Државата е на колена – економски, финансиски и социјално, и за жал, овој тренд ќе продолжи. Освен партиски прес-конференции со напади врз СДСМ, не можат да испорачаат ништо друго, сметаат од „Бихаќка“,

СДСМ тврди дека „ВМРО-ДПМНЕ никогаш повеќе нема да можат да се надеваат на поддршката со која дојдоа на власт“и „очекуваат таа продолжи да паѓа“.

-СДСМ останува најсилната опозициска партија, и покрај сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ и нивните сателити, ЗНАМ, да го негираат тоа. Пропаднаа обидите и сценаријата да ја снема СДСМ – од сега натаму, партијата ќе се враќа само посилна. По изборите следи јасен патоказ напред за СДСМ: потребни се промени на политичко и кадровско ниво кои ќе донесат раст и зајакнување, стои во партискиот став од таборот на Венко Филипче