Ниту една лага од Белиот дворец не може да го сокрие фактот дека ВМРО-ДПМНЕ и структури на Алијанса за Албанците од Скопје блиска до Арбен Таравари создаваа крвави сценарија за меѓуетнички инциденти. Сите пиштолџии лица кои вперуваа и пукаа со пиштоли во Скопје се пронајдени и се санкционирани и сите до еден се или членови или блиски луѓе до структури на Алијанса, реагираа од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според владеачката партија, наместо да прави конструкции, „ВМРО-ДПМНЕ да излезе и да каже Дали неуспешниот пироман и армиски дезертер Драган Ковачки е лицето за контакт од ВМРО-ДПМНЕ за ова неуспешно сценарио?“
-Зошто молчи Ковачки на прашањето дали ги координирал лицата со качулки пред Собранието и поранешни припадници на Армијата во насилното сценарио? Дали Арбер Таравари е лицето за контакт со структурите блиски до Алијанса во Скопје?, прашаа од СДСМ.
Претходно ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Ковачевски прикрива докази за да го пушти пукачот од Мавровка кој пукаше во народот.
-ЈО си зема за слобода и покрај наодот на МВР, кои излегле на лице место и го земале пиштолот од кој било пукано да излезе и да каже дека пиштолот од кој било пукано е друг пиштол, а не тој кој првично е најден кај лицето. И додека се случува ова МВР молчи, и следно е да излезат и да кажат дека направиле грешка и да се извинат што го вознемириле пукачот, соопштија од најголемата опозициска партија.