СДСМ: Платите во културата се зголемени за 43%

од Nikola Popovski
179 прегледи

СДСМ во континуитет покажува вистинска грижа за културата и за уметниците и трудот на културните работници достоинствено се вреднува, велат од владеачката партија.

Нагласуваат дека од почетокот на 2021 година досега, платите во културата се зголемени за 43 отсто.

-Платите во културата беа зголемувани во неколку наврати и тоа за 1,65 отсто во 2021, за 19,55 отсто во 2022, за 12,55 отсто во 2023 во март, сите вработени во културата, почнувајќи со исплатата за септември добиваат за уште 10 отсто повисоки плати. Зголемувањето за 10 отсто е резултат на потпишувањето на Општиот колективен договор за платите во јавниот сектор, којшто гарантира континуиран раст на платите, со решение кое нема да зависи од волјата и желбата на која било политичка партија и сега и во иднина, соопштија од СДСМ.

Партијата на Димитар Ковачевски во неколку наврати соопшти и дека од 2017 година досега се зголемени платите на наставниците за 55 отсто.

Порачуваат дека од оваа година наставниците добиваат и 10.000 денари К15, односно регрес за годишен одмор, прв пат после 20 години.

Слични содржини