СДСМ: По признанијата за Титаник, Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да си поднесат оставки

од Берта Китинска
157 прегледи

Поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ пред суд признаа дека постапувале противзаконски, правеле изборни нерегуларности и незаконски финансирале кампањи.Со ова нивно признание се потврдува дека сите изборни процеси организирани од ВМРО-ДПМНЕ се нерегуларни, реагираат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека по ваквите сведоштва, Христијан Мицкоски како некогашна десна рака на Груевски треба да поднесе оставка заедно со целото раководство на партијата.

-ВМРО-ДПМНЕ останува нереформирана партија, Мицкоски е опкружен со блиските луѓе на Груевски како Игор Јанушев, Александар Николоски, Антонијо Милошоски.Апелираме за ефикасна истрага и завршница на процесите против сите поранешни и актуелни политичари, без разлика дали се на власт или во опозиција, соопштија од партијата.