СДСМ: По првите 82 дена од мандатот, Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Скопје

од Берта Китинска
172 прегледи

Изминаа првите 82 дена од мандатот на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, а таа не реализираше ниту еден свој проект.Ниверлирање на една шахта и поставување на мобилни тоалети е досегашниот учиниок на Арсовска, вели Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

-Но затоа Арсовска овие 82 дена ги искористи да ја партизира градската администрација во вработување на 109 партиски кадри, а на директорски позиции во Јавните установи и претпријатија постави докажани партиски функциионери од ВМРО-ДПМНЕ.Еден од нив е и Златко Перински, сегашен директор на Водовод и канализација кој претходно беше шеф на кабинетот на Христијан Мицкоски, посочува тој.

Тој додава дека Арсовска не само што не вовела бесплатен јавен превоз, туку има нови билет од 120 денари во ЈСП, го прекинла проектот Бас рапид транзит за кој биле обебзедени пари од Европската банка за обнова и развој.

-Додека скопјани мака мачеа со кризата за топлинска енергија, Арсовска се прогласи за ненадлежна и ги игнорираше проблемите на граѓаните.Партизација на Градот, прекинување проекти и изземање од одговорност за своите надлежности е се што Арсовска направи во овие неполни три месеци од мандатот.Исто како и другите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска работи на штета на интересите на градот и граѓаните.По првите 82 дена од мандатот, секому му е јасно дека Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Скопје, велат Каевски.