СДСМ: По срамната одлука на Уставниот суд, сите функционери на СДСМ разликата во платата над 14.500 денари ќе ја донираат

од Берта Китинска
274 прегледи

По срамната одлука на Уставниот суд, соопштувам дека сите избрани и именувани функционери на СДСМ разликата во платата над 14.500 денари ќе ја донираат во државниот фонд за помагање на граѓаните и борбата против коронавирусот, рече денеска на прес- конференција генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски.

„Во духот на солидарноста министри, пратеници, заменици-министри, државни секретари, директори на претпријатија и останати функционери на СДСМ ќе земаат минимална плата од 14.500 денари, без оглед на одлуката на Уставниот суд. Разбираме низ што поминуваат граѓаните и заеднички, со меѓусебно помагање ќе се избориме со сите предизвици. Справувањето со економските последици предизвикани од коронавирусот бараат посветеност, одговорност и пред се солидарност од сите нас. Како партија, како одговорони поединци продолжуваме да работиме единствено за интересите и во интерес на граѓаните. Заеднички ја надминавме и ја надминуваме здравствената, заеднички ќе ја надминеме и економската криза и овие предизвици, “ рече на прес конференција Николовски.

Слични содржини