СДСМ: Победата над фашизмот и Европа се темелни вредности на партијата, секогаш на вистинската страна на македонската историја

од Nikola Popovski
153 прегледи

СДСМ на сите граѓани им го честита Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, истакнувајќи дека на денешен пред 78 години беше победено едно од најголемите зла во современата светска историја.

Од партијата велат дека победата над фашизмот отвори нов период во историјата, кое подоцна прерасна во обединета Европа.

-Токму победата над фашизмот и Европа се темелни вредности на СДСМ. Државноста на Македонија почива на антифашистичката борба, а полноправно членство во големото европско семејство е наша стратешка цел поставена уште на денот на независноста.

Нашите предци, во антифашистичката борба, со својот живот се вложиле во идеалот за слободна македонската држава. Нашата борба, сега е да се избориме за европска иднина на македонската држава.

СДСМ секогаш е на вистинската страна на македонската историјата, од процесот за мирно осамостојување и меѓународно признавање, па се до почеток на преговорите со Европската унија, стои во партиското соопштение.