СДСМ поддржува една изборна единица

од Nikola Popovski
238 прегледи

СДСМ ги поддржува измените на Изборниот законик, со оглед на тоа дека ние од СДСМ бевме првата политичка партија којашто во својата програма уште во 2016 година внесе предлог за една изборна единица, изјави денеска пратеникот на партијата, Миле Талевски, како одговор на новинарско прашање.

Додаде како партија ги поддржуваат законските измени кои што се во делот на препораките од ОБСЕ и ОДИХР.

-Во делот на прагот, во делот на отворените листи и со оглед на тоа дека Изборниот законик секогаш се носел со консензус апелираме преку дебата, преку дијалог во работната група да се утврдат потребата од отворени листи, потребата од праг.

Битно е да се дискутира и зеднички како политички партии да го предложиме Изборниот законик и да го изгласаме тука во Собранието, рече Талевски.

Со ист став излегоа и денеска од ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи за партијата е прифатлива една изборна единица.

На денешната прес-конференција на пратеници-предлагачи на измените на Изборниот законик, со кои се предлага Македонија да биде една изборна единица, Павле Трајанов, пратеник и претседател на Демократскиот сојуз нагласи дека со една изборна единица ќе започне силен процес на демократизација и јакнење на одговорноста на носителите на јавни функции и ќе се демонтира монополската положба на владеење на една партија, секој глас ќе има иста тежина, а составот на Парламентот ќе биде одраз на определбата на граѓаните кои ќе имаат можност за избор.

Слични содржини