СДСМ поднесе четири тужби до Управниот суд, кои се однесуваат на гласањето во избирачки места во изборната единица 6

од Vladimir Zorba
88 прегледи

СДСМ поднесе четири тужби до Управниот суд што се однесуваат на гласањето во избирачки места во изборната единица 6, соопшти вчера портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

– Управниот суд е должен да ги земе предвид сите основани аргументи во тужбите. ДИК не одговори на сериозната задача за целосна заштита на изборниот процес во делот на одлучувањето по приговорите. Институциите мора да работат во служба на граѓаните – изјави Шилегов.

ДИК ги отфрли сите преговори на СДСМ, а прифати само еден од осумте приговори на Беса, односно го поништи гласањето на едно избирачко место во Гостивар, каде што друго лице се потпишало на местото на Фатиме Сулејмани, што беше констатирано и од официјален графолог.

Претходно Движењето Беса за „Мета“ соопшти дека нема да поднесе тужби до Управниот суд по одлуките на Државната изборната комисија бидејќи се сомневаат во неговата независност и однапред ја знаат неговата одлука.

Во меѓувреме, тече 24-часовниот рок за тужби до Управниот суд. По поднесувањето на тужбите, пет судии од Управниот суд, избрани по пат на жрепка, во рок од 48 часа на јавна седница треба да одлучат како ќе се постапува по тужбите, а одлуките во рок од 24 часа треба да се објават на веб-страницата на судот, како и на веб-страницата на ДИК. Одлуките на Управниот суд треба да го содржат и начинот на гласање на секој судија поединечно