СДСМ поднесе Иницијатива за времено отстапување на Универзална сала на Владата

од Vladimir Zorba
225 прегледи

Денеска до претседателот на Советот на Град Скопје доставено е Барање за дополнување на дневниот ред за 26-тата седница на Советот за времено отстапување на корисничкото право на објектот на Јавната установа Универзална сала од Град Скопје на Владата на Република Северна Македонија, соопшти Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

„Реконструкцијата на Универзална сала повеќе од една година стои во место, откако градоначалничката Данела Арсовска реши овој проект да не продолжи. За реконструкцијата на овој важен објект за Скопје но и за целата држава, обезбедени се средства во износ од 120 милиони денари од Владата, од кои искористени се само околу 40 милиони, што значи дека за овој проект на располагање се уште 80 милиони денари. Ако веќе Арсовска не сака и не може да ја доврши реконструкцијата, Владата која е и финансиер на овој проект, има и волја и можност тоа да го стори“, изјави Јанчевска.

Слични содржини