СДСМ и парламентарното мнозинство предложи законски измени со кои ограничуваме каматата да не може да биде поголема од долгот. Станува збор за предложени измени во Законот за облигациони односи и Законот за извршување.
Како што изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, во пракса тоа значи за долг од 500 денари, максималниот износ на каматата да биде 500 денари.
-Или за долг од 1.000 денари, максималниот износ на камата да биде 1.000 денари.
Конечно ја прекинуваме праксата граѓаните да плаќаат 10 пати поголем износ одколку што навистина должеле. За долг на сметка од 500 денари имаше случаи кога се бараше наплата од 5.000 денари, затоа што каматата што треба да ја платат им е десетици пати поголема од долгот кој реално го имале.
Дополнително, со предложените законски измени предвидуваме скратување на рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката.
Тоа значи намалување на можноста за акумулирање на камата и за оневозможување на енормна заработка од камата. Од друга страна значи и стимулирање на доверителите за поефикасна и побрза реакција при наплата.
Со ова ставаме крај на праксата граѓаните пред истекот на 10те години, пред истекот на рокот за застарување да добиваат извршни решенија, решенија од извршители за долг кој можеби не ни знаеле дека постои поради долгиот временски период, дополнително зголемен со енормен износ на камата, информира Митрески.