На ден 20 ноември 2023 година, поднесена е кривична пријава против Курто Дудуш до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овласување по член 353 од КЗ, информираат од СДСМ преку прес-конференција. Според Асан Ферат, претседател на ОО СДСМ Шуто Оризаре, Дудуш во својство на градоначалник на општина Шуто Оризаре во период од 2020 година до денес, со намери противправно да се стекне со имотна корист и да нанесе штета на буџетот на општина Шуто Оризаре, спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки, вршел плаќање кон различни правни субјекти без да спроведе јавна набавка.
Тој нагласува дека вкупен износ за ваквиот договор изнесува 29.033.405 денари, за кои требало да спроведе јавна набавка според законот, односно дека на одредени фирми им исплаќал милионски суми без спроведување на јавна набавка.
-За да биде неговото самоволио поголемо истиот исплаќал милиони на негови блсики од добиени дотации од министерства. Од ова место, во името на граѓаните на општина Шуто Оризаре, го повикуваме Јавното Обвинителство и сите надлежни институции заедно да застант и да стават крај на ова злосторничко дуо, истакна Ферат.