СДСМ: Поголема поддршка за земјоделците, 500 милиони денари за интервентниот фонд

од Берта Китинска
106 прегледи

Со усвоените измени на Законот за земјоделство и рурален развој, дополнително ја зајакнуваме поддршката кон земјоделците.Сега, отстранети се сите пречки, следува исплата на субвенциите кон над 20.000 тутунопроизводители, велат од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека Буџетот веќе се обезбеденил една милијарда и 300 милиони денари, односно над 21 милион евра кои ќе завршат кај над 20.000 семејства.

-Со измените на Законот ја олеснуваме постапката со цел тутунопроизводителите веднаш да ги добијат субвенциите, а за првпат се воведува авансна исплата на субвенциите.Преку измените што ги усвоивме, младите фармери ќе добијат 40% аванс за старт ап грантовите од 20.000 евра.Истовремено, се отвора можност за кофинансирање на зелена нафта до 100 отсто за земјоделските стопанства.Дополнително, преку ребалансот на Буџетот кој го утврди Владата, обезбедуваме нови 500 милиони денари во Интервентниот фонд, посочуваат од СДСМ.