Додека СДСМ покачува плати и пензии, реализира мерки што носат повисок животен стандард за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ во недостаток на конструктивност и идеи блокира се што е во интерес на граѓаните, реагираат од СДСМ.
-Христијан Мицкоски синоќа најави нови блокади.Дали тоа значи дека ВМРО-ДПМНЕ и нивните пратеници сега ќе го блокираат растот на пензиите и новата методологија?Мицкоски само потврдува дека нему воопшто не му се важни ниту наставниците, ниту пензионерите, ниту граѓаните, туку сака со блокади да ја замаскира неспособноста на неговите градоначалници, велат од владејачката партија.
Оттаму додаваат дека лидерто на опозицијата многу добро знае дека на локално ниво градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ништо не работат.
-Залудни им се блокадите на ВМРО-ДПМНЕ, законите во интерес на граѓаните ќе бидат донесени и без нив, велат од СДСМ.