1,3K
Покрај бугарското државјанство, Данела Арсовска има и важечка лична карта, извадена од бугарските власти, соопшти денеска пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска од прес-конференција на „Бихаќка“.
Според неа, личната карта има валиден број, потпис и адреса во градот Петрич, која се уште е важечка.
-Личната карта е издадена на 5-ти мај 2017 година, само една недела после крвавиот 27-ми април и упадот во Собранието. Со каква намера и цел Арсовска ја подигнала бугарската лична карта, откако пропадна обидот да се убијат пратеници. Од вистината не се бега, порача Петровска.