СДСМ: Политизацијата на штрајкот на СОНК од ВМРО – ДПМНЕ е на штета на учениците и наставниците

од Маја Анчевска

ВМРО-ДПМНЕ го партизира и политизира штрајкот на СОНК, со тоа им нанесува штета на учениците и наставниците, реагираа СДСМ по прес – конференцијата на  ВМРО-ДПМНЕ каде власта беше повикана да престане со притисоците врз штрајкувачите и да ги реализира барањата на СОНК.

-Тоа е истата партија која го урниса образованието, во чие време наставниците беа понижени, уценувани и под постојан притисок, стои во сооптениеот на СДСМ.

Според СДСМ  образованието во изминатите 3 години во три наврати СДСМ ги зголемило платите на наставниците за над 21 отсто, додека ВМРО-ДПМНЕ за 11 години ги покачиле за само 4 отсто.

Низ диајлог платите во образованието ќе се зголемат, ќе има нова методологија за постојан раст на платите. Но наставата мора да продолжи а СОНК да ги напушти уцените и да каже не на политичката агенда на ВМРО ДПМНЕ, додаваат од СДСМ.

Слични содржини