141
Во рамки на своето денешно сооопштение, владејачката СДСМ се одврна кон спроведувањето на пописот кој е од голема важност по речиси две децении во земјава. Оттаму велат, дека секој граѓанин во истиот треба да даде свој придонес и дека истиот е патриотски чин.
„Најсложената статистичка операција – пописот на населението и домаќинствата во државата ќе се спроведе по речиси две децении, согласно сите стандарди на Евростат и Обединетите нации и со почитување на протоколите за заштита на здравјето на граѓаните.с
Институциитеќе дејствуваат согласно препораките на стручните лица од Комисијата за заразни болести.
Пописот, што ќе се одржува наредниот месец, е патриотски чин.
Со учество во пописот секој граѓанин дава придонес во развојот на својата татковина, на своето населено место.
Од друга страна, повикот на бојкот е неодговорно однесување и ја води државата во ситуација кога развојот не може да се планира на факти, туку на претпоставки.
Пописот на населението е од клучно значење за развојот на државата, за граѓаните, а по него ќе може да се креираат мерки и политики кои одговараат на вистинските потреби на граѓаните – економски, здравствени, образовни, социјални, културни, со што ќе се унапредат и нивните права и придобивки“, се вели во соопштението на СДСМ.