СДСМ: После 17 години чекање, нашата татковина започнува преговори со ЕУ

од Берта Китинска
168 прегледи

После 17 години чекање, денеска нашата татковина започнува пристапни преговори со ЕУ! Ова е историски ден и нов голем успех за сите наши греѓани, соопштија од СДСМ.

-Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски ја предводи македонската владина делегација во Брисел која во Советот на ЕУ ќе уечствува на првата меѓувладина конференција.Советот на Европската Унија синоќа даде зелено светло Северна Македонија да ги започне пристапните преговори со ЕУ а официјално преговорите за полноправно членство започнуваат токму со денешната меѓувладина конференција.

Она што за македонскиот народ е особено важно, почнуваме преговори со ЕУ како Македонци, со заштитен македонски јазик, идентитет, историја, култура и посебност.Честитки до сите граѓани! Македонската иднина е европска!, посочуваат од владејачката партија.