СДСМ: Поставуваме нови стандарди во политичкото дејствување, нова пракса во плурализмот во државата.

од Vladimir Zorba
130 прегледи

СДСМ денеска ги спроведува првите, внатрепартиски избори за претседател, сериозен чекор во поголема демократизација на партијата. Изборниот ден минуваа во најдобар ред, без попречувања, согласно утврдените прописи и со почитување на мерките за заштита од коронавирусот.

Поставуваме нови стандарди во политичкото дејствување, нова пракса во плурализмот во државата. СДСМ се демократизира и менува, за уште подобро да им служи на граѓаните и на државата, велат од партијата.

Вупно 68.999 членови во сите 80 општински организации на СДСМ од страна на општински изборни комисии и избирачки одбори, на вкупно 237 избирачки места.

„Изборите претставуваат постулат на демократските вредности, каде прв пат во историјата на нашата држава, самите членови на партијата ќе си го бираат својот претседател. Ова е нова, додадена вредност, нов стандард на македонската политичка сцена, поставен од најдемократската, најпрогресивната и најмодерната партија – СДСМ“, посочи претседателот на партијата и единствен кандидат на изборите, Зоран Заев.