СДСМ: Повиците за единство од страна на Мицкоски се неискрени

од Берта Китинска
197 прегледи

Од начинот на однесување јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски воопшто немаат намера да дадат реална поддршка туку да го саботираат целиот процес на преговорите.Не е јасно што точно нуди опозицијата во моментов, регираат од СДСМ, по изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој денеска кажа дека подава рака за обединување.

Оттаму посочуваат дека немаат верба во декларативните повици за единство од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски и ги сметаме за неискрени.

-СДСМ вистински гради соработка со сите партии, тоа го покажавме и преку прифаќањето на Резолуцијата за црвените линии во Собранието која е темел на разговорите со Република Бугарија.Доколку сметаат дека со бесмислени декларации и слични политички трикови ќе се претставуваат конструктивни, тогаш е јасно дека тоа е само уште една манипулација на која СДСМ нема да наседне.Ако Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат вистинска конструктивност, нека престанат да опструираат и да креираат хистерија околу разговорите, туку со ладна глава да се обидеме сите да ги надминеме пречките, посочуваат од владејачката партија.