СДСМ праќа писма до ЕУ и НАТО по изјавите на Мицкоски дека нема да попушти за уставни измени

„Премиерот денеска го потврди предавството на македонските национални интереси. Денеска потврди дека не сака во ЕУ и дека ќе ја држи Македонија во изолација далеку од Европа“, рекоа од „Бихаќка“

од Nikola Popovski
15 прегледи Фото: СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче информираше дека денеска официјално упатува писмо до европските институции и меѓународните партнери поради, системското демонтирање на евроатлантската иднина на Македонија и стратешката саботажа на македонската интеграција.

„Ние спремивме писмо официјално, јас денеска сакам да ги известам сите евроамбасадори во земјава, високите функционери на Европската унија, Европската комисија, Советот и на НАТО врска со системското демонтирање на евроатлантската иднина на Македонија благодарение на изјавите и најавите на премиерот Христијан Мицкоски“, истакна Филипче.

Тој нагласи дека станува збор за сериозен и намерен процес на блокирање на европската перспектива на државата.

„Ова е намерен обид да се онеспособен од остварувањето на стратешката цел за интеграција додека истовремено се саботира и фундаменталниот интерес за евроатланска заедница за брза интеграција Северна Македонија во Европската унија.“ рече Филипче.

Претседателот на СДСМ предупреди дека актуелната власт свесно ја оттурнува државата од ЕУ и ја носи во изолација.

„Премиерот Христијан Мицкоски денеска го потврди предавството на македонските национални интереси. Денеска потврди дека не сака во ЕУ и дека ќе ја држи во изолација далеку од Европа. Тоа значи дека нема никакви реформи, тоа значи дека нема никаква контрола од Европа и тоа според него ќе трае ако треба и децении.“ рече Филипче.

Премиерот денес потенцира дека Владата останува на цврста позиција и дека нема да се направи отстапка. Најави дека „ќе чекаме со генерации за уставни измени“.

„Нема да се поместиме ни милиметар. Ќе чекаме. Македонскиот идентитет нема веќе да биде распродаван“, истакна Мицкоски.

Слични содржини