СДСМ прави сè за членство во ЕУ, a ДПМНЕ само блокира, велат од партијата на власт

од Nikola Popovski
175 прегледи

СДСМ работи во интерес на граѓаните и државата и прави сè за членство во Европската унија. По 17 години чекање ги започнавме преговорите за членство во ЕУ, со заштитен македонски идентитет и признат македонски јазик, велат од партијата на власт преку соопштение.

Според владеачката партија, усвојувањето на уставните измени е за продолжување на европскиот пат и ќе ја обезбеди европската иднина на државата и на граѓаните.

Посочуваат дека од друга страна, ДПМНЕ само блокира и се поставува како пречка на патот кон ЕУ членство.

-Сите лаги и деструкции на ДПМНЕ им потонаа и за бугаризација и асимилација, за губење на јазикот и идентитетот, за бугарски диктат.

Со попречување на напредокот на европскиот пат, ДПМНЕ кочат поголеми плати, пензии, кочат подобар живот за граѓаните, економска извесност, подобри перспективи за младите. Пред државата е единствена можност, што треба да се искористи. Вратите на ЕУ се отворени, поддршката од стратешките партнери е силна и јасна, стои во соопштението на СДСМ.