СДСМ: Пред нас е предлог со чист македонски јазик, Мицкоски само сака да и наштети на државата

од Берта Китинска
139 прегледи

Предлогот на француското претседателство е јавно објавен и граѓаните јасно можат да видат се.Она што е клучно е тоа што се вградени нашите ставови и забелешки, имаме чист македонски јазик во ЕУ, македонскиот идентитет е заштитен целосно, историските прашања не се дел од преговарачкиот процес, велат од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека потонаа во вода и сите измислици и лаги за наводна бугаризација и асимилација.

-Во меѓувреме, започнат е широк процес на консултации за овој предлог, како солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја.Кога се во прашање теми од врвен национален и државен интерес, како што е евроинтеграцискиот пат на државата, иднината на граѓаните и заштитата на македонскиот идентитет, потребна е одговорност, зрелост и државнички капацитет.И тоа го гледаат сите, освен Христијан Мицкоски кој сака отворениот процес на широки консултации да го попречи на самиот почеток, преку протести.Вчера, Мицкоски отворено пред целата јавност призна дека е против интеграција во Европската унија, велат од владејачката партија.