Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје за само 12 месеци се покажа како најнеспособна во историјата на главниот град. ВМРО-ДПМНЕ во Скопје има градоначалничка, претседател и мнозинство во Советот и најголем дел од директори и членови на Управните одбори на јавните претпријатија, раководени од шпицниот градоначалник Хирстијан Мицкоски, обвинуваат од СДСМ.
Од партијата велат дека наместо бесплатен јавен превоз, за прв пат во историјата Скопје остана без превоз.
-Приватните превозници не возат, ЈСП тоне во долгови, а тешка е состојбата и во други градски претпријатија. Пред новогодишните празници, градот е сив и валкан, нема ни трага од „Модерно Скопје“. По катастрофалното обезличување со Скопје 2014, главниот град се наоѓа во нова катастрофа. ВМРО-ДПМНЕ го заглави градот, како што 11 години Македонија што беше заглавена, стои во партиското соопштение од СДСМ.