Бескаматните кредити наменети за мали и микро компании, за трговци поединци и занаетчии се дел од механизмите за поддршка на стопанството. Токму трите кредитни линии, Ковид 1, 2 и 3, од Развојна банка на Северна Македонија обезбедуваат средства во вкупен износ од 44,1 милиони евра, кои даваат поддршка на над четири илјади компании кои вработуваат 36.802 лица“, соопштија од владеачката СДСМ.
Според нив, каматната стапка на кредитите е 0 отсто и грејс период од 6 до 12 месеци, кој за Ковид 1 се пролонгира за дополнителни три месеци.
„Истовремено, откако владејачкото мнозинство од СДСМ стави крај на деструкциите на опозицијата во Собранието и беа усвоени потребните законски измени, деновиве кај граѓаните пристига финансиската поддршка за исплата на плати за февруари и март, која опфаќа 60.00 работни места и истата е во вредност од 1 милијарда и 920 милиони денари.
Финансиската поддршка ќе биде скалеста и ќе изнесува од 14.500 до 21.776 денари за месечна плата по вработен, во зависност од тоа колкав пад на приходи имала компанијата во текот на ноември и декември 2020 и јануари 2021, споредено со ноември и декември 2019 и јануари 2020“, велат од партијата.