СДСМ со соопштение реагираше на обраќањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој повика на масовен протест на 18-ти јуни.
„Христијан Мицкоси се грижи единствено за личниот и партискиот интерес дури и кога државата се справува со последиците од светската економска криза, дури и кога е во важен период за евроинтеграциите.
Тоа е навистина премногу неодговорно.
Премногу е Мицкоси, да глумиш патриот дома а надвор на Конгрес на ЕПП премолчено да поддржуваш Резолуција која ги афирмира позициите на Бугарија.
Премногу е да се криеш од ова прашање и да не дадеш одговор.
Премногу е Мицкоски, во време на најголема светска економска криза да ја блокираш работата на Собранието, да кочите закони на штета на граѓаните.
Премногу е Мицкоски, по секоја цена да го браниш криминалот на твојата ВМРО-ДПМНЕ.
Премногу е Мицкоски, во време на најголема светска економска криза твоите градоначалници да трошат милиони евра за партиски вработувања и аздисување и да не одвојат ниту денар за помош на граѓаните.
На граѓаните им е премногу од деструкциите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ“, стои во соопштението од СДСМ.