СДСМ: Пресудата за Мијалков е потврда дека се почесто ќе бидеме сведоци на спроведена правда

од Nikola Popovski
122 прегледи

Правдата е тука, законите важат подеднакво за сите, повеќе нема недопирливи, има силна, ефикасна правна држава, која ги спроведува законите и испорачува правда за сите подеднакво, велат од СДСМ утрово, по пресудата за ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков кој вчера беше осуден на 12 години затвор.

„Пресудата за нелегалното прислушување што Сашо Мијалков и врвот на ВМРО-ДПМНЕ со години го практикувале, зададе силен удар на остатоците на режимот на ВМРО-ДПМНЕ спроведуван од Груевски, Мијалков, Јанкуловска и многу други, кој се уште вирее во Белата палата.

Со неа, стигна правдата за над 20.000 граѓани, кои незаконски биле прислушувани со години, само затоа што мислеле и делувале поинаку од ВМРО-ДПМНЕ.

Пресудата е уште еден пораз за Мицкоски, кој повторно не успеа да го одбрани криминалот во ВМРО-ДПМНЕ, а тоа беше неговата единствена улога, за која што беше поставен токму од Груевски и Мијалков на чело на ВМРО-ДПМНЕ.

Пресудата против обвинетите во предметот „Тврдина-Таргет“ е потврда дека времето на партизираното судство, времето кога некои беа над законите е завршено.

Граѓаните очекуваат и сите други случаи и предмети, покренати од Специјалното јавно обвинителство и од другите обвинителства кои се водат во судовите, да добијат разрешница, а одговорните да бидат соодветно казнети.

Во Република Северна Македонија се случува правда, законите важат за сите подеднакво.

Патот на правдата и владеење на правото е чист и се почесто ќе бидеме сведоци на спроведена правда.

Слични содржини