СДСМ: Пресудите за „Трезор“ покажуваат зошто беше важно носењето на Законот за ЈО

од Nikola Popovski
353 прегледи

Навраќајќи се на вчерашната пресуда против обвинетите во предметот „Трезор“ меѓу кои е и поранешниот шеф на Управата за безбедност и контразузнавање Сашо Мијалков, пратеникот Миле Талевски од СДСМ оцени дека тое е уште една потврда дека времето кога некои поединци беа над законите е завршено.

„Заврши времето на селективност и неказнивост, сега е време на правда и на одговорност.Пресудите, донесени низ докази, преку отворени, транспарентни законски постапки покажуваат дека државата има силен, независен и ефикасен правосуден систем кој испорачува правда согласно законите“, рече Талевски.

Според Талевски овие пресуди покажуваат зошто било важно носењето на Законот за Јавно обвинителство.

„Токму со овој Закон продолжија предметите „Тврдина-Таргет“ „Трезор“ отворени од Специјалното јавно обвинителство и по кои веќе има пресуди, но и предметите „Империја“ „Талир“ „Плацовите на Водно“ предмети кои Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на секој начин се обидуваа да ги уништат. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не успеаја да ја попречат правдата, не успеаја нивните обиди да ги заштитат криминалците во своите редови“, истакна Талевски.

Според него, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствените на браникот на криминалот, и мора да сфатат дека времето на контролирано судство заврши.

Слични содржини