СДСМ: Претседателката на ЕК ги разби сите лаги на Мицкоски и Апасиев

од Vladimir Zorba
155 прегледи

„Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред пратениците во македонското Собрание денеска ги потврди фактите за кои СДСМ, демократската и целата проевропска јавност ги говорат“, соопштија од Бихаќка.

„Македонци, нема сомнеж, вашиот јазик е македонски јазик и ние целосно го почитуваме. Затоа во ревидираниот предлог стои македонски јазик, без модификации и без квалификација од ЕУ.“

„Ревидираниот предлог го потврдува македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, а билатералните прашања, историските прашања не се услов ниту дел од преговорите.“

Со овие јасни и недвосмислени изјави претседатлката на ЕК ги потврди фактите а од друга страна ги разби сите лаги на антиевропската коалиција на Мицкоски и Апасиев.

Пред Собранието денеска е важна одлука за иднината на државата и продолжување на европскиот пат. Македонци со македонски јазик во ЕУ, Собранието треба да го продолжи европскиот пат!“, додаваат од СДСМ.