СДСМ: Признанието на Арсовска за диловите на Мицкоски нова причина институциите да го истражат случајот

од Берта Китинска
218 прегледи

Арсовска вчера ги потврди диловите кои Христијан Мицкоски јавно ги соопшти, за тендери за автобуси во Скопје, велат од СДСМ.

-Арсовска нема одговор од кого Мицкоски добил овластување и во кое својство, како претседател на политичка партија преговара за јавна набавка на локална самоуправа со парите на скопјани.Јавноста заслужува да знае дали реализацијата на проектот БРТ за еколошки и ефикасен јавен транспорт во Скопје е стопиран од Арсовска заради диловите на Мицкоски?Признанието на Арсовска отвара сериозен сомнеж за корупција и криминал и претставува дополнителна причина надлежните институции да постапат и да го истражат овој случај, посочуваат од владејачката партија.