СДСМ: Проблеми во Белата палата – ДПМНЕ се распаѓа

од Nikola Popovski
307 прегледи

ДПМНЕ се распаѓа, очигледно големи се внатрепартиските проблеми во Белата палата и анти ЕУ кампусот, порачаа утрово од СДСМ.

Од партијата на власт побараа од лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски да не ги товари на СДСМ раздорот и внатрешните кавги во ДПМНЕ.

Очајниот Мицкоски воопшто да не ја меша СДСМ во меѓусебната пресметка и сам да си ги решава кавгите. Јавноста се уште чека одговори од Мицкоски за диловите со Груевски. Дали со тоа ги прикрива барањата за амнестија на негови сопартијци, заради незадоволство токму од него внатре во неговата партија, прашаа од СДСМ.

Продолжува тензијата меѓу поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и неговиот наследник Мицкоски, која ја разгореа тврдењата на Мицкоски дека Груевски бил во таен договор со Владата, при што двајцата зборуваат за односи кои до неодамна се коментираа во сферата на шпекулациите.

Во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, Мицкоски тврди дека Груевски бил во дослух со Владата, која подготвувала „валкана игри“ за постигнување двотретинско мнозинство во парламентот за уставни измени.

Груевски преку својот Фејсбук профил го повика својот наследник да даде конкретни примери за неговите тврдења, а преку својот Фејсбук профил, Мицкоски одговори дека тоа ќе го направи кога ќе се сретнат во четири очи и дека нема да дозволи „лични договори и аранжмани на сметка на заедничкиот интерес“.

Подоцна, Груевски повторно реагираше на социјалните мрежи дека одговорот на Мицковски јасно покажува дека нема аргументи и докази и создава „ново алиби за секоја идна грешка и алиби за идните изборни резултати, кои со овој памет нема да се очекуваните од сите нас“.

Мицкоски по вечерната посета на општина Ѓорче Петров изјави дека кажал се што можел да каже за Груевски, но додаде дека е наивно да се мисли дека измените на Кривичниот законик се едноставно промена на кривичниот закон.

„Тоа е многу повеќе од тоа, тоа беше сценарио кое го подготвуваше оската ДУИ – СДСМ и дел од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Измислено сценарио за обезбедување мнозинство, со кое уставните измени ќе се гласаат по бугарски диктат, откако стана јасно дека сите пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието нема да ги поддржат. Вториот чекор во кој инвестираа беше намалување на потенцијалот на ВМРО-ДПМНЕ и (по изборите) формирање на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ за прифаќање на бугарскиот диктат. Она што можам да го кажам е дека ниту сега, ниту во иднина, додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ, нема да го прифатам бугарскиот диктат“, рече Мицоски.

Претседателот на опозициската партија ги потврди тврдењата што се појавија претходно дека за денес е закажана редовна седница на Централниот комитет на партијата, но изјави дека средбата е редовна бидејќи „мора да се донесат одлуки“ за претседателските и редовните парламентарни избори следната година.

Слични содржини