СДСМ: Пропадна лага на Мицкоски дека цената на струјата ќе се покачи за 40 отсто

од Берта Китинска
229 прегледи

Брзата реакција на Владата на Република Северна Македонија и мобилизирањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија придонесоа да се спречи ценовен шок за граѓаните.Покачувањето на цената на струјата за следната година ќе биде 9,48% што е далеку под првичните прогнози од над 25%, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ,

Таа додаде дека дополнително се задржува ноќната евтина тарифа на струјата, евтината тарифа во недела и рестрикции нема да има.

-Сите овие податоци, го демантираат Христијан Мицкоски кој свесно ја лаже јавноста, се обидува да креира паника кај граѓаните, кажувајќи дека цената на струјата ќе биде повисока до 40 отсто.Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ свесно прогнозираат панични бројки и посакуваат тие да бидат точни.ВМРО ДПМНЕ на чело со Мицкоски уште еднаш потврдуваат дека ниту се, ниту сакаат да бидат конструктивна опозиција во време на криза.Лажеа во екот на пандемијата од КОВИД 19, лажат и сега.ВМРО ДПМНЕ не мислат и не се грижат за граѓаните, туку свесно ја користат секоја криза, секоја можна прилика, да заработуваат евтини политички поени, вели Кузеска.