СДСМ: Просечната плата во јануари изнесува 29.980 денари

од Nikola Popovski
292 прегледи

За месец јануари 2022 година, просечната плата изнесува 29.980 денари. На чекор сме до исполнување на едно од најважните изборни ветувања – просечна плата од 30.000 денари, велат од сДСМ преку соопштение.

Според владеачката партија, политиките на СДСМ придонесоа платите да растат во сите сектори.

-Освен растот на платите, потврда за поддршката на стандардот на граѓаните е и пакетот антикризни мерки од 400 милиони евра со кои им се помага на граѓаните, но и на компаниите и кои веќе даваат резултат. СДСМ останува на страната на заштита на интересите на граѓаните и државата. Продолжуваме со реализација на мерки и политики што значат повеќе пари и подобар животен стандард на сите граѓани, стои во соопштението на партијата од „Бихаќка“.

Слични содржини