СДСМ: Прв пат во 70 години сите енергетски капацитети во државата се во функција и работат

од Nikola Popovski
250 прегледи

РЕК Битола работи со полн капацитет, со сите три блока. Ова е голем и значаен придонес во зголемувањето на домашното производство на електрична енергија, порачаа утрово од СДСМ.

Според соопштението, прв пат во 70 години, сите енергетски капацитети во државата, трите блока на РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино, електраните на гас во Скопје, како и сите агрегати на хидроелектраните во државна сопственост, се во функција и работат.

-Електрична енергија во државата ќе има, без рестрикции, во една од најпредизвикувачките зими за светот. Цената на електричната енергија не се зголемува. Граѓаните може да бидат спокојни – 99,2 проценти од домаќинствата немаат зголемени цени на електрична енергија. СДСМ со одговорни политики, чесна и посветена работа ги заштити фирмите и граѓаните од ценовен шок, стои во партиското соопштение од СДСМ.

Од пред два дена Блок 3 на РЕК „Битола“ повторно е вклучен во работа по 366 дена откако во ноември 2021 година неговиот трансформатор беше оштетен во пожар предизвикан од надворешен фактор.

-Успеавме да ги ангажираме сите капацитети за домашно производство на електрична енргија, а цената на струјата не се зголемува. Ефектите од нашата посветеност да се справиме со кризата, се сигурна и стабилна испорака на струја до сите во државата, рече премиерот Димитар Ковачевски при посетата на РЕК Битола.

Слични содржини