СДСМ: Реализирана уште една стратешка цел – преговори и членство во ЕУ со заштитен македонски идентитет

од Nikola Popovski
171 прегледи

СДСМ го поздравува фактот што Република Северна Македонија ги започнува преговорите за членство во Европската унија.

-По 17 години, конечно и повеќе од заслужено ги започнуваме преговорите со ЕУ. Европската унија со одржувањето на првата меѓувладина конференција во Брисел ја отвори врата за нашата држава. Веднаш по конференцијата, започна скриниг процесот за Северна Македонија за усогласување на нашата правна рамка со ЕУ, велат од партијата.

Од таму велат дек СДСМ како државотворна партија реализира уште една стратешка цел – преговори и членство во ЕУ со заштитен, потврден и загарантиран македонски идентитет.

-Со приклучувањето кон големото европско семејство се отвораат нови перспективи за државата и за граѓаните, забрзан развој, просперитет и стабилност. Имаме јасна визија за тоа каква држава сакаме да градиме и да оставиме на идните генерации, стои во соопштението на партијата од „Бихаќка“.