Тоа што ветивме – остваривме! Зима без рестрикции, без зголемени сметки. Евтина струја обезбедивме и за клучната и витална инфраструктура во државава, како што се: болниците – затоа што здравствената услуга е загарантирана, евтина струја има и за училишта за континуран образовен процес, ЕСМ обезбедни струја и сите јавните комунални претпријатија за да се стабилизира цената на водата и да немаат изговори за да ги зголемуваат цените, порача Дарио Николовски, член на ЦО на СДСМ.
Николовски на прес-конференција во седиштето на владеачката партија упати и порака до ВМРО-ДПМНЕ.
-И каде е сега Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да каже кога и каде имаше рестрикци што ги најавуваше драматично и само го вознемируваше народот, каде е колабрираниот енергетски сектор и зголемените сметки? Рестрикции очигледно има само во белата палата, каде заборавиле светлото да го запалат, рече тој и додаде:
-Последните податоци говорат дека за 15 месеци на мрежа се 400 централи за производство на електрична енергија од обновливи извори. Тоа се нови централи од македонското сонце доминатно кои се вкупна инсталирана моќност од 191,6 MW со која може да се задоволат потребите на домаќинствата со просечна потрошувачка од десет градови во нашата земја, потенцира Николовски.