СДСМ: Режимот на ВМРО-ДПМНЕ принуди претставништва на странски фармацевтски компании да се повлечат од државата

185 прегледи

Во рамки на денешното соопштение, владејачката СДСМ повторно направи рестроспектива и оттаму воочи хаос на здравствениот систем своевремено, а сега пак, велат, се повлекуваат фармацевтски компании од земјава, поради увозот на лекови и вакцини од сомнително потекло.

„Негрижата и коруптивното владеење на ВМРО-ДПМНЕ предизвика хаос во здравствениот систем и принуди реномирани странски фармацевтски компании да се повлечат од државата.

Во периодот меѓу 2012 и 2015, во годините на најголем режим на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, компании како АстраЗенека, Глаксо и дел од Новартис се повлекоа од нашата држава, заради паралелниот увоз на лекови и вакцините со сомнително потекло.

Таквиот однос трајно го наруши угледот на државата и здравствениот систем, нешто што СДСМ и институциите што ги предводи, со сите сили се обидуваат да го поправат, да ја вратат довербата во македонското здравство.

Со усвојување на измените и дополнувањата на Законот за лекови и медицински средства во Собранието се создадени услови вакцината против коронавирусот да пристигне во државата и да започне имунизацијата на населението. Ова немаше да биде потребно ако ВМРО-ДПМНЕ, наместо за да се занимава со корупција и криминал, се грижеше за интересите на граѓаните и на државата.

СДСМ, како одговорна партија останува посветена на ставање крај на пандемијата и надминување на сите економски и здравствени последици од неа“, се вели во соопштението од владејачката партија.

Слични содржини