СДСМ: Само ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се против пари кај граѓаните, ним не им е грижа ниту за работниците, ниту за економијата

Во рамки на своето соопштение, владејачката СДСМ денес испрати реакција по прес конференцијата на Трајко Славевски од ВМРО ДПМНЕ.

„Повеќе пати е докажано дека ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски има проблем секогаш кога парите завршуваат кај граѓаните, наместо во белиот дворец како во годините на режимот.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ денеска се противи за петтиот пакет економски мерки исто како што се противеше за претходните четири. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ се противеше и кога се покачуваше минималната плата, кога растеа пензиите, кога се зголемуваа субвенциите за граѓаните, кога се воведуваше поврат на платен ДДВ назад кај семејствата.

Од петтиот пакет мерки задоволни се и синдикатите и стопанските комори затоа што тој беше носен во консултација и партнерство со сите засегнати страни. Само ВМРО-ДПМНЕ е против, затоа што на оваа партија не и се важни граѓаните, не и е важна економијата.

Токму поради таквиот однос Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ губат од граѓаните на избори шест пати по ред, токму поради таквиот однос се во опозиција каде уште долго ќе останат“, се вели во соопштението на СДСМ.

Слични содржини