СДСМ се грижи за стандардот на граѓаните со пакет мерки, порачуваат од партијата на власт

од Nikola Popovski
188 прегледи

СДСМ се грижи за стандардот на граѓаните со пакет мерки за намалување на цените на основните прехранбени производи. Нова во низата мерки е намалувањето на царинските давачки за овошје и зеленчук, како и укинување на увозните давачки за дел од млечните производи, соопштуваат од СДСМ.

Од партијата додаваат дека цените на овошјето и зеленчукот веќе се спуштени до 30 отсто со намалување на маржите. Со мерката „гаранитрана цена“ граѓаните во маркетите веќе купуваат над 50 производи во 24 категории од пекарската, млечната и месната индустрија, како и пијалаци, по цена 10 отсто пониска од цената по којашто тие производи се продаваа на 1 август.

-Веќе има намалување на производите над 10% додека кај некои е од 30 до 40%. Овие мерки го штитат стандардот на граѓаните и влијаат на реално намалување на ценовната инфлација. СДСМ континуирано ја следи состојбата и по потреба ќе ги продолжува и прилагодува мерките и ќе воведува нови, стои во соопштението.

Слични содржини