Владеачката СДСМ порачува деа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски „не може ниту својата коалиција да ја додржи, а не пак нешто повеќе“.
– Причините за распадот на коалицијата на Мицкоски ги наведоа токму негови поранешни коалициони партнери кои јавно излегоа и обвинија за рекет и закани кон бизнисмени. За овие сериозни наводи и индиции за рекет и закани кон бизнисмени треба да се произнесе Јавното обвинителство, велат од СДСМ.
Според партијата, „останува фактот дека Мицкоски е во коалиција со криминалот на Никола Груевски“.
-„Талир 2“ „Тврдина – Таргет“ „Тенк“ „Плацови на Водно“ како и последниот случај со „Криминални парцели“ кој е во истражна постапка се уште потврда за тоа. Се што прави Мицкоски, прави за спас на неговата фотелја во ВМРО-ДПМНЕ и ништо повеќе, стои во соопштението од „Бихаќка“.