Откако лидерот Зоран Заев ќе ја официјализира оставката на седница на Централниот одбор, СДСМ би требало да организира вонредни непосредни избори за негов наследник.
Први кои објави дека се повлекуваат од раководните функции во партијата се Мила Царовска, министерката за образование и наука и потпретседателка на СДСМ воедно оставка од партиската функција поднесе и старо-новиот претседател на Надзорниот одбор на СДСМ, Горан Сугарески, кој претходно ја изгуби битката во трка за градоначалник на Прилеп.
Раководството на СДСМ, по вчерашниот состанок, како што беше соопштено, ги утврдило следните чекори, по оставката на Заев, за што, како што е најавено, ќе има информација следната недела.
-Заедно со претседателот Зоран Заев, раководството работи на решенија и одлуки со кои СДСМ се реорганизира со единствена цел да продолжи да му служи на својот народ на највисоко можно ниво и секако да биде водечка партија во парламентарното мнозинство кое го одржува реформскиот и прогресивен курс на земјата.На состанок на раководството се утврдија следните чекори на партијата кои од наредната недела ќе бидат ефектуирани, за што јавноста, граѓаните, ќе бидат информирани.Во врска со одредни шпекулации, напоменуваме дека согласно статутарните одредби на партијата, со оставката на претседателот Заев во оставка е и целото раководство на СДСМ, информираа од партијата.