Шпицниот градоначалник Мицкоски цела недела молчи, никако да каже која е неговата улога во тендерот од 136 милиони евра.Мицкоски со неговата градоаначалничка Арсовска се скара за пари, бизнис интереси и тендер вреден 136 милиони евра, велат од СДСм.
Оттаму прашуваат дали надлежни институции веќе го истражуваат случајот, но зошто молчи Мицкоски?
-Токму Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа кандидатурата на Арсовска, ѝ ги собраа потребните потписи и заедно ја бараа довербата од скопјани.Заедно и преговараа и за набавка на 100 електрични автобуси во Скопје.Дали и оваа зделка пропадна заради провизии, пари и бизнис влијанија на Мицкоски и луѓето околу Мицкоски?ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се фатени живи со рацете во мед и молкот нема да ги спаси.