СДСМ: Силјановска ги навредува Пендаровски и Ковачевски и покажува нервоза

од Nikola Popovski
182 прегледи

СДСМ ја критикува кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова. Според партијата на власт, „професорката ги засилува навредите и ниските напади кои не доликуваат ниту на еден политичар“.

-Во недостаток на план и програма, соочена со тоа што граѓаните не ја поддржуваат упатува вербални навреди кон Пендаровски и Ковачевски. Личните дискредитации за прекари со женски род, навредите за интелектуалните капацитети говори за Силјановска и покажува дека ДПМНЕ се во паника од пораз на изборите, порачуваат од СДСМ.

Според партијата на Димитар Ковачевски, ова е потврда дека, како што велат, ништо не е прометно во ДПМНЕ.

-Тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани кон неистомислениците. Граѓаните знаат дека ДПМНЕ и Силјановска наместо иднина, им нудат враќање во минатото и изолација и затоа ќе ги казнат на изборите. Граѓаните ќе изберат проевропски претседател, Стево Пендаровски кој заедно со проевропска Влада формирана од СДСМ ќе ја внесат земјата во ЕУ, наведуваат од СДСМ.

-Две работи се клучни за Македонија – стабилни меѓуетнички односи и интеграција на земјава во Европската Унија, а јас покажав дека во изминативе пет години не отстапив од овие вредности, посочи претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски.

-Ја отворивме првата преговарачка конференција но за жал застанавме тука, поради опструкциите од надвор, но најмногу од нашата внатрешна политичка опозиција. Таа никако да се согласи дека не треба да става сопки на европскиот пат на Македонија, дополни Пендаровски.

Според Силјановска, реформите што се правата и зачленувањето во Европската Унија како приоритет не треба да се само флоскула, туку земјава треба да направи се, за дома да ги воспостави потребните стандарди-порача кандидатката за претседател. Според неа, дел од вината што Македонија сè уште не е членка на ЕУ, е кај самата ЕУ што навреме не ни подала рака, но одговорноста е пред сè во државниот врв.

-Во дипломатијата нема да одат импровизатори, луѓе кои ја навредуваат Македонија, а не ја прават горда-истакна Силјановска Давкова.

Ниту претседателот Пендаровски ниту јас не го поддржуваме коментарот, вели портпаролот на СДСМ Богданка Кузеска преку „Фејсбук“, откако јавноста бурно реагираше на навредите изнесени кон Силјановска Давкова за време на митингот на партијата во Куманово.

На видеото од митингот се гледа поддржувач на СДСМ кој, меѓудругото, на микрофон ја нарекува Силјановска Давкова „баба“,

Слични содржини