Владата предводена од СДСМ во услови на светска криза, презема навремени и ефикасни мерки за заштита на животниот стандард и помош на домашните компании.Пакетот од 26 мерки вреден 400 милиони евра кои брзо и навремено ги донесовме, го штитат економскиот стандард на граѓаните и им помгаат на компаниите да ја сочуваат својата ликвидност, да ги задржат вработените, вели Фаница Николоска, пратеничка на СДСМ.
Таа посочува дека реализацијата на овие мерки веќе дава видливи резултати.Со намалувањето на ДДВ за горивата и намалувањето на акцизата се спречени нови ценовни шокови со самото тоа Северна Македонија има најевтини горива во регионот.
-Со намалувањето ДДВ-то за основните прехранбени производи на 0% и замрзнување на маржите спречивме драматично поскапување на потрошувачката кошничка.Во време на најголема криза финансиски ги помагаме граѓаните и компаниите, целиот фокус е на заштита на животниот стандард.Ја зголемивме минималната плата и веќе од следниот месец ќе изнесува 18.000 денари. Тоа е директна помош за над 80 илјади работници кои досега земаа 15.000 денари.Во следните три месеци 36.000 семејства со ниски приходи и околу 330.000 пензионери ќе добиваат по 1.000 денари месечно на своите сметки, вели Николоска.
Пратеничката вели дека се интервенира и во намалувањето на трошоците за електрична енергија, преку субвенционирање на 80 отсто од сметките за струја на домаќинствата.
-Но, и преку ваучери за сметки за електрична енергија кои ги добиваат околу 6.500 домаќинства.Владата воспостави Интервентен фонд за поддршка на земјоделците кои во време на криза се соочуваат со потешкотии во производството.За помош на компаниите на располагање се ставаат неколку механизми за помош и поддршка во одржувањето на ликвидноста и конкурентноста.Невработесноста и во време на криза успеавме да ја намалиме на досега најниско ниво од околу 15 проценти, посочува Николоска.