СДСМ: Со антикризните мерки граѓаните штедат во просек 2.150 месечно за струја

од Берта Китинска
126 прегледи

Резултатите од антикризните мерки вредни 400 милиони евра се видливи и реални.Само преку мерката за субвенционирање на сметките за електрична енергија сметките за струја на едно семејство денес се пониски за 2.150 денари, велат од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека има сериозна заштеда на средства на месечно ниво.

-Покрај намалување на трошоците, во време на криза растат платите и пензиите. Минималната плата од овој месец изнесува 18.000 денари, а просечната плата за месец јануари е 29.980 денари.330.000 пензионери овие три месеци добиваат дополнителни 1.000 денари финансиска помош, а обезбедивме и рекордно зголемување на пензиите.Како одговорна партија продолжуваме со реализација на политики што значат вистинска грижа за сите категории граѓани, велат од владејачката партија.