СДСМ: Со измислени скандали, ВМРО-ДПМНЕ сака да му наштети на здравствениот систем

414 прегледи

Партијата на власт, СДСМ во рамки на своето соопштение, пренесува дека ВМРО ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски прават се за да му наштетат на процесот за набавка на вакцините, и притоа објавуваат лажни документи.

Од таму велат и дека криминалните тендери, фирми и шеми се заштитен знак токму на опозициската партија.

„Нема дно што ВМРО-ДПМНЕ нема да го пробие во неговите деструкции со кои сака да му наштети на здравствениот систем и да го нарушат јавното здравје.

Денешните обиди да му наштетат на процесот за набавка на вакцини преку објавување на лажни документи со лажни цени, се последниот доказ за деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски.

На ВМРО-ДПМНЕ прво им пречеше што наводно државата била спора со набавка на вакццините, а сега, во последните денови им пречи дека премногу сме брзале за да стигнат вакцини .

Нека одлучат во белиот дворец што им пречи, затоа што само блокираат и саботираат.

Криминални тендери, фатном фирми и шемите од Белизе се заштитниот знак на ВМРО-ДПМНЕ, партија која и денес е заглавена во криминално-режимската матрица и затоа постојано губи од граѓаните“,  посочија СДСМ во своето соопштение.

Слични содржини